Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне и температура до 29. степени

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне и температура до 29. степени

Охрид, 15. август 2020 (ИНПРЕС) – Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.

– Денес и утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 литри за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес