ЦЈЗ Охрид: Од 8 до 14-ти август во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 15 лица, активни се 78 случаи, оздравеа 18 пациенти

ЦЈЗ Охрид: Од 8 до 14-ти август во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 15 лица, активни се 78 случаи, оздравеа 18 пациенти

Охрид, 15. август 2020 (ИНПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 8-ми до 14-ти август 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 240 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 181 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 59 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар – „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 31 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 78, во Струга 169, а во Дебар 65.
– Во овој период оздравени се 18 лица од Охрид, 51 лица од Струга и 68 лица од Дебар
– Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 1 лице од општина Дебар.

Од почетокот на епидемијата до 14-ти август 2020:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1036 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 309 лица во општина Охрид и Дебрца, 503 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 223, од Струга се 304, а од Дебар и Центар Жупа се 150 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 9 починати пациенти, од општина Струга се починати 44, а од Дебар и Центар Жупа се починати 7 лица.

– Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

–  правилна употреба на заштитна маска
–  одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
–  избегнување на јавни собири и групирања
–  често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни… Уживајте во летото, безбедно… Можно е – порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ИнПрес