Изложба „1.000 години Бигорски Манастир“ во охридскиот центар за култура

Изложба „1.000 години Бигорски Манастир“ во охридскиот центар за култура

Охрид, 19. август 2020 (ИНПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „1.000 години Бигорски Манастир“, поставена од страна на Ансамбл „Македонија“.

Во соработка со Бигорски манастир, Ансамбл „Македонија“ подготви изложба со 20-на најдрагоцени икони од Бигорскиот манастир, по повод прославување на 1.000 години постоење на Бигорски манастир. На изложбата ќе бидат прикажани 8 Олтарни икони, 2 Чудотворни икони, 2 Тронски икони (Владички и Игуменски Трон), 3 икони од 16-от век, 1 капак од Кивот од Светите Мошти, 1 Плаштеница и 2 Фрескоикони. Иконите ќе бидат прикажани во нивната отигинална големина. Изложбата се состои од реплики на икони, фрески и плаштеница.

Изложбата ќе биде поставена во галеријата на Центарот за култура, а отворењето е закажано за 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива