Вечерва се отвора 32-ро издание на Поетската ноќ во Велестово

Вечерва се отвора 32-ро издание на Поетската ноќ во Велестово

Охрид, 21. август 2020 (ИНПРЕС) – Со изведба на стихови на Зоран Анчевски и изложба на скулптури на Димитар Филипоски, вечерва ќе започне 32-то издание на интернационaлната манифестација, „Поетска ноќ во Велестово“.

Програмата од првата поетска вечер, традиционално ќе се одржи на локацијата „Чешма“, а ќе биде збогатена со настап на „Skopje guitar trio“.

Втората поетска вечер ќе се одржи на 22-ри август на локацијата „Каменон“ со почеток во 18:00 часот. Во рамки на програмата ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.

Годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде организирано во согласност со сите мерки и протоколи за заштита од вирусот COVID-19. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива