Денескка ќе заседава охридскиот совет

Денеска ќе заседава охридскиот совет

Охрид, 25. август 2020 (ИНПРЕС) – Денеска од 11:00 часот ќе се одржи 46-та седница на охридскиот совет.

Градските избраници меѓу другото ќе треба да дадат согласност за формирање на паралелки со помалку од 20 односно 25 ученици во основните и средните училишта, за формирање групи детската градинка „Јасна Ристеска“ со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, како и за аплицирање на Проект за „Изработка на проектна документација за изградба на нова училишна зграда во склоп на ООУ „Григор Прличев“.

Советниците ќе треба да се произнесат по извештаите од работењето на општинските одделенија и реализацијата на програмите за работа од повеќе сфери, предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности.

На двајца советници кои станаа пратеници во новиот парламентарен состав ќе им биде констатиран престанок на мандат и на нивно место ќе дојдат нови.

Комплетниот дневен ред ТУКА. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива