Во вчерашната сообраќајна незгода кај Градскиот пазар повреден 38-годишен охриѓанец

Во вчерашната сообраќајна незгода кај Градскиот пазар повреден 38-годишен охриѓанец

Охрид, 26. август 2020 (ИНПРЕС) – На 25-ти август 2020 година, во 16:00 часот било пријавено дека на булевар „Туристичка“ во Охрид, кај Градскиот пазар, 38-годишниот Љ.Г. од Охрид паднал на коловозот, возејќи мотоцикл марка „Сим“ со охридски регистарски ознаки.

– Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ИнПрес