ГРК Охрид го совлада скопски Аеродром, денеска игра против Еурофарм Пелистер 2

ГРК Охрид го совлада скопски Аеродром, денеска игра против Еурофарм Пелистер 2

Охрид, 26. август 2020 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари забележаа уште една победа во рамки на подготовките за новата суперлигашка сезона.

На домашен терен ја совладаа екипата на Аеродром од Скопје со 33-20 (18-9). Играта беше доверена на младинскиот состав на екипата кој одлично си ја заврши работата.

Денеска ГРК Охрид дома игра контролна средба со Еурофарм Пелистер 2. И овој натпревар ќе се игра без публика и под посебни мерки и протоколи поради пандемијата на коронавирусот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид