A1on: Нефи Усеини и брат му спроведени во притвор

A1on: Нефи Усеини и брат му спроведени во притвор

Охрид, 26. август 2020 (ИНПРЕС) – Охридскиот советник од редовите на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини се спроведени во осум дневен притвор, јави порталот A1on.

Неофицијално, браќата Усеини сами се пријавиле во Полициската станица во Охрид.

Основниот суд во Охрид неодамна го прифати предлогот на обвинителството и им одреди мерка притвор на бизнисменот и советник во општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и за неговиот брат кои се сомничат за дело „насилство“.

Претходно беше поднесена кривична пријава за Усеини и неговиот брат во врска со инцидентот кој се случил пред хотелот UNIQUE во Охрид, каде двајцата го нападнале лицето Спиро Топаловски од Охрид, дело кое подоцна Топалоски демантираше дека се случило.

Полицијата изврши претрес во домовите на осомничените, но не ги пронајде бидејќи и двајцата до денес беа во бегство. Исто така, биле одземени и снимките од објектот каде се случил инцидентот, а од нив било констатирано дека бил употребен пиштол во нападот над Топалоски. (Крај)

извор: А1он фото: архива