ГРК Охрид поразен од Еурофарм Пелистер 2

ГРК Охрид поразен од Еурофарм Пелистер 2

Охрид, 27. август 2020 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид беа поразени на контролна средба со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

На домашен терен изгубија со 30-25. Во нашиот состав најмногу, 11 голови, постигна Бобан Блажески.

„Гладијаторите“ и натаму ќе се подготвуваат во пресрет на новата суперлигашка сезона која почнува на 12-ти,односно 13-ти септември. ГРК Охрид е во групата А, со Струга, Пролет, Радовиш, Голден Арт КЛ7, Јуниор Кисела вода и Астраион. Во првото коло игра со Голден арт КЛ-7. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид