Скопје, 29. август 2020 (ИНПРЕС) – Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата.
Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за COVID-19 во Министерството за здравство.
Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Република Македонија и Албанија истекува на 31-ви август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15-ти септември. (Крај)
извор: Република фото: архива