Изложба на дела на Павловска, Шерафатманд и Нестороски на Струшките вечери на поезијата

Изложба на дела на Павловска, Шерафатманд и Нестороски на Струшките вечери на поезијата

Струга, 29. август 2020 (ИНПРЕС) – Во склоп на Струшките вечери на поезијата, од вчера Пиано собата во хотелот „Дрим“ е исполнета со делата на уметниците Марија Павловска, Лида Шерафатманд и Милко Нестороски.

– Со отворањето на изложбата посетителите имаа можност да уживаат во различните техники карактеристични за овие. Секое дело има своја посебна приказна и уникатност. Лида ја изразува нејзината умешност да го претвори надворешниот суров свет во најубавото цвеќе, Милко нè води во магична приказна со неговите рачно изработени кукли, додека Марија ни го доловува светот преку нејзиниот црно-бел, експресивен стил, информираат од Струшките вечери на поезијата.

Додаваат дека за сите кои сакаат да ги видат уметничките дела, изложбата ќе биде отворена до недела, 30-ти август 2020 година, до 19:00 часот.

При посета на настаните во рамки на фестивалот, задолжително е придржување кон пропишаните мерки за заштита од COVID-19. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива