ЦЈЗ Охрид: Од 22-ри до 28-ми август во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 59 лица, активни се 31 случаи, оздравеа 45 пациенти

ЦЈЗ Охрид: Од 22-ри до 28-ми август во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 59 лица, активни се 31 случаи, оздравеа 45 пациенти

Охрид, 29. август 2020 (ИНПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 22-ри до 28-ми август 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 133 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 86 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 47 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 13 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 31, во Струга 61, а во Дебар 85.
– Во овој период оздравени се 45 лица од Охрид, 98 лица од Струга и 4 лица од Дебар
– Во овој период починати се 3 лица од општина Дебар.

Image may contain: text that says 'епидемила / пандемија COVID-19 BAJABHO3 период 22-28август 2020 општина охрид J3Y здравје охрид Qendra ShendetitP for Public Health Ohrid тестирани охрид, дебрца Covid-19 позитивни 46 оздравени 13 починати активни случаи струга, вевчани 45 57 28 31 98 дебар,центар.жупа 30 16 вкупно 61 133 59 85 147 период од.почеток.на епидемиа.до.28.08.2020 општина 177 тестирани охрид, дебрца Covid-19 позитивни оздравени 1759 починати 333 струга, вевчани 292 1307 10 557 дебар, центар.жупа 448 951 48 вкупно 252 156 4017 11 1142 896 69'

Од почетокот на епидемијата до 28-ми август 2020 година:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 333 лица во општина Охрид и Дебрца, 557 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 282, од Струга се 448, а од Дебар и Центар Жупа се 156 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 10 починати пациенти, од општина Струга се починати 48, а од Дебар и Центар Жупа се починати 11 лица.

– Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

–  правилна употреба на заштитна маска
–  одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
–  избегнување на јавни собири и групирања
–  често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни… Уживајте во летото, безбедно… Можно е – порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ИнПрес