Охрид полн со гости, колони возила кон најпопуларните плажи (Фото/Видео)

Охрид, 29. јуни 2020 (ИНПРЕС) – Продолжениот празничен викенд, затворените граници и топлото време, направија Охрид да биде исполнет скоро до последното место и оваа година да ја живее една од најдолгите сезони.

Уште од раните утрински часови колони возила се движеа кон најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро.

Тоа резултираше со колони возила, но и нервозни возачи кои на моменти ги доведуваат останатите учесници во сообраќајот во потенцијална опасност.

– Сите се нервозни, има чекање на одредени делници и некои се обидуваат да претекнуваат, што не доведува сите во опасност, велат за Супер радио и OhridPress.

Одговорните апелираат на почитување на правилата и прилагодување на брзината на состојбата на патиштата, а воедно и потсетуваат на обврската да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца и лична хигиена според препораките како и да се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: Супер радио