Повреден моторциклист во сообраќајка кај Рача

Охрид, 14. септември 2020 (ИНПРЕС) – Вчера во 18:30 часот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, кај населбата Рача, Б.З.(53) од Охрид кој управувал мопед „ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница-Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива