Пониски цени на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 14. септември 2020 (ИНПРЕС) – Нови, пониски цени на бензините и дизелот.

Од ноќеска на полноќ, според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар и ќе се точат за  58,50 односно 60,50 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денари, па од полноќ ќе се продаваат по 49 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 24,549 ден/кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива