ГФК Охрид Лихнидос ја пречекува Ренова во првата рунда од Купот на Македонија

ГФК Охрид Лихнидос ја пречекува Ренова во првата рунда од Купот на Македонија

Охрид, 15. септември 2020 (ИНПРЕС) – Денес во ФФМ беше одржана ждрепката за првите натпревари од Купот на Македонија.

Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос во првата рунда за противник го добија прволигашот Ренова. Натпреварот е закажан за 23-ти септември, а ќе се одигра на СРЦ Билјанини Извори.

Останатите двојки се:

Велазерими – Работнички
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Лабуништа Тетекс – Силекс
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица

Поради пандемијата со CОVID-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23- ти септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21-ви октомври, а четвртфиналните пресметки на 25-ти ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7-ми април, а мечот за трофејот на 19-ти мај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива