Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Охрид, 16. септември 2020 (ИНПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.

-Утре попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните подрачја. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес