Сообраќајна незгода кај Враништа, повредени две лица

Сообраќајна незгода кај Враништа, повредени две лица

Струга, 16. септември 2020 (ИНПРЕС) – На 15-ти септември 2020 година, во 19:00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа, се случи сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

-Мотоцикл марка „Хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 44-годишниот Ѓ.З. од селото Враништа, излетал од патот. Возачот на мотоциклот е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде се констатирани тешки телесни повреди. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобил и сопатникот, 19-годишниот К.Ш. од струшкото село Јабланица. По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива