Новата песна на охриѓанката Мартина Блажеска дел од проектот Songs for World Peace

Новата песна на охриѓанката Мартина Блажеска дел од проектот Songs for World Peace

Охрид, 16. септември 2020 (ИНПРЕС) – Таа е вистинско моме-охриѓанче. Таа е спој на младост и неспорен талент, сега веќе во комбинација со врвно музичко образование, но и веќе докажан успех во музиката во светски рамки… Нејзиното име е Мартина Блажеска.

Најновата песна на Мартина „Розеви Неба“ е напишана за International Day of Peace (Меѓународниот ден на мирот) и е дел од проектот Songs for World Peace (Песни за мир во светот), кој е поддржан од Обединетите Нации.

-„Розеви Неба“ е моја прва песна на македонски јазик и јас сум автор, композитор и текстописец на истата, вели Блажеска за Супер радио.

Блажеска е македонска пејачка, композиторка и гитаристка, која живее во САД и Германија. Започнала да свири гитара уште на 14-годишна возраст. Веќе на 17 години се сели на студии во Лос Анџелес, САД, каде во 2014 година е примена на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студирала гитарска изведба. Настапувала во различни изведби и состави во САД и во Македонија. Сега е официјален член на неколку ансамбли: Ibanez Guitars, Laney Amplification и Elixir Strings.

Нејзината музика е најдобро се опишува како гитарски инди-поп-фолк. Во 2018 година, таа го објави своето деби EP „World on a String“ и ја имаше својата прва европска турнеја.

Во понеделник, на 21-ви септември новата песна на Мартина преку целиот ден ќе ја слушаме како SUPERPlay на охридското Супер радио. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива