„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Радовиш

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Радовиш

Охрид, 16. септември 2020 (ИНПРЕС) – Охридскиот ракометен клуб в петок ги продолжува натпреварите во Супер лигата.

Во третата рунда „гладијаторите“ го пречекуваат составот на Радовиш и ова ќе биде првиот натпревар што ќе го одиграат на домашен терен во новата сезона.

Средбата во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се игра без публика. Натпреварот е со почеток во 19:00 часот, а во живо ќе биде пренесуван на официјалниот јутјуб канал на РФМ и Фејсбук страната на ГРК Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива