Супер радио и InPress со поддршка за децата кои се борат со малигни заболувања

Супер радио и InPress со поддршка за децата кои се борат со малигни заболувања

Охрид, 16. септември 2020 (ИНПРЕС) – „Златен септември“ е месец за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти и проблемите со кои се соочуваат, со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди.

Во таа насока невладината организација САНО спроведува кампања, од која дел може да биде секој и да даде поддршка.

– Сé што треба да се направи е да ни испратите ваша слика, која ќе биде јавно објавена, на која носите нешто златно (лента, блуза, марама, венче) и сите заедно симболично да ги бодриме и да им укажеме на храброста на овие деца, велат од САНО.

Како и многу пати досега Супер радио и InPress ја поддржаа и оваа кампања, давајќи свој придонес и поддршка за децата кои се борат со малигни заболувања.

Нема достапен опис

Во чест на сите деца кои се борат со малигни заболувања, Универзитетската клиника за детски болести, заедно со волонтерите од САНО, в сабота, 19-ти септември, од 11:00 часот огранизираат настан на градскиот плоштад во Скопје,  „500 златни балони за децата херои“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес