ГФК „Охрид“ денес на домашен терен ја пречекува екипата на „Скопје“

ГФК „Охрид“ денес на домашен терен ја пречекува екипата на „Скопје“

Охрид, 19. септември 2020 (ИНПРЕС) – Охридските фудбалери денеска ги продолжуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Во дербито на четвртото коло, дома ја пречекуваат екипата на „Скопје“. Натпреварот се игра од 15:30 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Покрај тоа, „рибарите“ за прв противник во новата сезона на Купот на Македонија го добија прволигашот „Ренова“. Натпреварот ќе го играат дома, на 23-ти овој месец. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива