Денес на Супер радио промоција на новата песна на охриѓанката Мартина Блажеска

Денес на Супер радио промоција на новата песна на охриѓанката Мартина Блажеска

Охрид, 21. септември 2020 (ИНПРЕС) – Таа е вистинско моме-охриѓанче. Таа е спој на младост и неспорен талент, сега веќе во комбинација со врвно музичко образование, но и веќе докажан успех во музиката во светски рамки… Нејзиното име е Мартина Блажеска.

Најновата песна на Мартина „Розеви Неба“ е напишана за International Day of Peace (Меѓународниот ден на мирот) и е дел од проектот Songs for World Peace (Песни за мир во светот), кој е поддржан од Обединетите Нации.

-„Розеви Неба“ е моја прва песна на македонски јазик и јас сум автор, композитор и текстописец на истата, вели Блажеска за Супер радио.

Блажеска е македонска пејачка, композиторка и гитаристка, која живее во САД и Германија. Започнала да свири гитара уште на 14-годишна возраст. Веќе на 17 години се сели на студии во Лос Анџелес, САД, каде во 2014 година е примена на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студирала гитарска изведба. Настапувала во различни изведби и состави во САД и во Македонија. Сега е официјален член на неколку ансамбли: Ibanez Guitars, Laney Amplification и Elixir Strings.

Нејзината музика е најдобро се опишува како гитарски инди-поп-фолк. Во 2018 година, таа го објави своето деби EP „World on a String“ и ја имаше својата прва европска турнеја.

Новата песна на Мартина денес, преку целиот ден ќе ја слушаме на секој час како SUPERPlay на охридското Супер радио. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива