Кривата со процентот на позитивни од тестирани за COVID-19 повторно е двоцифрен

Кривата со процентот на позитивни од тестирани за COVID-19 повторно е двоцифрен

Скопје, 21. септември 2020 (ИНПРЕС) – Процентот на позитивни случаи од тестирани за COVID-19 повторно е двоцифрен по пауза од месец и пол. Во изминатото деноноќие, од 1.368 тестови, позитивни беа 13 отсто и тоа третпат во претходните четири дена, процентот на позитивни да биде над 10 отсто.

Последен пат процентот беше над 13 отсто на 10 август (14,3%) и оттогаш, ако се земе пресметува просек за три дена за да се отстранат евентуални аномалии, никогаш не беше над 10 отсто, се до претходните два дена. За да се подобри епидемиолошката состојба, потребно е овој процент да биде под 5.

Со порастот на нови случаи изминатата недела, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179. Најмногу од нив се во Скопје – 599, а троцифрен број активни случаи има и во Куманово – 210, Тетово – 170, Прилеп – 138, Гостивар – 113 и Струмица – 108. Во Скопје, најмногу активни случаи има Аеродром – 89, а потоа следуваат Центар – 81, Гази Баба – 74, Карпош – 74, Чаир – 62, Кисела Вода -57… Вкупно во болниците во целата земја се хоспитализирани 332 пациенти, а најмногу од нив на Инфективната клиника во Скопје – 75.

Министерот за здравство Венко Филипче викендов кажа дека се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи и таа анализа се очекува да биде готова на почетокот на неделава и потоа ќе се одлучи дали треба евентуално нешто дополнително да се преземе. (Крај)

извор: СДК фото: архива