Пред мечот со Македонија, еден од најдобрите фудбалери на Косово позитивен на COVID-19

Пред мечот со Македонија, еден од најдобрите фудбалери на Косово позитивен на COVID-19

Приштина, 21. септември 2020 (ИНПРЕС) – Ведат Муриќи, еден од најдобрите репрезентативци на Косово, се разболе од COVID-19 на речиси две недели од мечот против Македонија во Лигата на нации.

Италијанските медиуми ја потврдија веста дека Муриќи е позитивен на тестот за ковид-19, па ќе мора да оди во самоизолација пред да се приклучи на останатите соиграчи во неговиот нов клуб Лацио.

Мечот меѓу Македонија и Косово во Лигата на нации ќе се игра во Скопје на 8-ми октомври. (Крај)

извор: Супер спорт фото: архива