Нема позитивни случаи на COVID-19 во редовите на ГФК Охрид Лихнидос, утре му гостуваат на Велазерими

Нема позитивни случаи на COVID-19 во редовите на ГФК Охрид Лихнидос, утре му гостуваат на Велазерими

Охрид, 25. септември 2020 (ИНПРЕС) – Во редовите на ГФК Охрид Лихнидос досега нема пријавено случаи со симптоми или заразени играчи со коронавирус.

Од раководството на клубот за Супер радио и InPress информираа дека сите фудбалери биле тестирани на почеток на новата сезона, согласно усвоените протоколи и правилници на ФФМ и не се регистрирани позитивни случаи. Засега немаат ни информации за евентуално позитивни играчи во другите тимови.

Охридските фудбалери утре ги продолжуваат натпреварите во Втората фудбалска лига. Во рамки на 5-та рунда охриѓани гостуваат кај тимот на Велазерими. Натпреварот е со почеток во 15:30 часот.

ГФК Охрид Лихнидос претходно во рамки на Купот на Македонија беше поразен со високи 4-0 од прволигашот Ренова. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива