Уште едно основно доби дозвола, во охридските средни училишта нема настава со физичко присуство

Уште едно основно доби дозвола, во охридските средни училишта нема настава со физичко присуство

Охрид, 30. септември 2020 (ИНПРЕС) – Уште едно основно училиште во Охрид доби дозвола од Владата за спроведување настава со физичко присуство за учениците од четврто одделение.

Согласно вториот извештај на Комисијата за заразни болести, на подрачното училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ во населбата Далјан му е дадена согласност за реализирање на настава со физичко присуство.

Чистење кај училиштето св. Климент Охридски во нас. Далјан – J.P Ohridski Komunalec

Претходно, „амин“ за настава со физичко присуство добија подрачните училишта на ОУ „Ванчо Николески“ во селата Косел и Куратица, како и на централниот објект на ОУ „Наум Охридски“ во село Пештани и подрачните училишта во Елшани, Коњско и Трпејца. Делумна согласност пак доби ОМУ „Методи Патчев“.

Во исто време, Комисијата ги одби барањата за организација на настава со физичко присуство на четирите средношколски центри во Охрид: гимназијата „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе ги отвори вратите за 306 полуматуранти

На вчерашната седница Владата го одобри продолжениот престој за учениците во основните училишта, за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, а условот е учениците да се од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Прифатена е и препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост и игротеките, со строго почитување на мерките и усвоениот протоколот за работа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес