Охриѓаните High voltage дел од второто издание на фестивалот Underfest

Охриѓаните High voltage дел од второто издание на фестивалот Underfest

Скопје/Охрид, 2. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Охридската група High voltage ќе биде дел од годинешното, второ по ред издание на музичкиот фестивал Underfest, кој вечерва и утре ќе се одржи во Скопје.

Покрај High voltage, ќе настапат и The Smokey house и Fiction од Скопје, The Chicks од Велес, како и раперот Матеј Фолц. Главни изведувачи ќе бидат познатите Културно уметнички работници.

Вториот ден на сцената ќе свират Sincrest од Кичево, алтернативната група Cruel oд Скопје, Live wire, Пепел, Reinconnected. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

– Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да потврди дека е одлична и навистина има што да покаже, се вели во соопштението.

Настанот ќе биде пренесуван во живот на официјалниот YouTube канал на Underfest. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива