Скопје/Охрид, 5. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски постигна нов државен рекорд, овојпат во дисциплината 300 метри.
На националното првенство во атлетика за пионери, Стојоски истрча 33,83 секунди со што за скоро две секунди го подобри државниот рекорд на Македонија.
Последен пат Стојоски трчал 300 метри во 2012 година, со време 43,97 секунди, па сега го подобри и својот личен рекорд во оваа дисциплина.
Со последниот успех, сега Стојоски е „сопственик“ на пет државни атлетски рекорди, од кои три ги постигна годинава.
И покрај ситуацијата со пандемијата што ја имаме годинава, Стојоски смета дека заедно со неговиот тренер Марина Мишиќ го извлекле најдоброто од оваа тешка година.
– Свесен бев дека ќе ми биде тешко да ги надминам личните рекорди на отворено од минатата година, но задоволен сум што бев блиску. Сега ќе направам кратка пауза, па ќе започнам да се подготвувам за следната година, кога ме очекуваат силни натпревари, вели Стојоски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива