Струга повторно „доминира“ во полицискиот Билтен: Закани, приведување на лице барано за издржување казна затвор…

Струга повторно „доминира“ во полицискиот Билтен: Закани, приведување на лице барано за издржување казна затвор…

Струга, 7. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Струга повторно „доминира“ во Билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во денешното издание се поместени информации за закана, приведување на лице барано за издржување казна затвор, дрвокрадство…

-На 6-ти октомври 2020 година, околу 23:00 часот на улица „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле 41-годишниот Р.М. од Струга за издржување казна затвор од девет месеци. Тој бил спроведен во Казнено поправната установа Струга.

-На 6-ти октомври 2020 година, околу 13:00 часот кај „Мороишки мост“, на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од ОВР Струга сопреле товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 40-годишниот А.М. од Струга, а сопственост на фирма од Струга. При преглед на возилото било констатирано дека дрвата што ги превезувал немаат жиг, а испратницата е со поминат датум. Веднаш била известена шумската полиција во Струга а камионот бил упатен во шумското стопанство „Јабланица“. Во просториите на шумското стопанство возачот и три други лица, кои подоцна пристигнале, ги истовариле дрвата, по што возачот заминал со камионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 49-годишниот Ш.М. од Струга. Тој, на 21-ви август 2020 година околу 14:00 часот отишол во канцеларија на адвокат во Струга, кој претходно го имал ангажирано и му упатил сериозни закани барајќи му ги парите што претходно му ги исплатил за застапништво. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива