Приведено лице од Охрид кај кое била пронајдена марихуана

Приведено лице од Охрид кај кое била пронајдена марихуана

Охрид, 8. октомври 2020 (ИНПРЕС) – На 7-ми октомври 2020 година на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода 45-годишниот Н.М. од Охрид.

-При преглед на патничко возило „Фиат Мареа“ со струшки регистарски ознаки, во кој се наоѓал, пронајдени и одземени се марихуана и семки од растението Канабис сатива. Н.М. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива