Тепачка во угостителски објект во селото Долно Коњско

Тепачка во угостителски објект во селото Долно Коњско

Охрид, 8. октомври 2020 (ИНПРЕС) – На 8-ми октомври 2020 година, околу 01:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека бил нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во охридското село Долно Коњско.

-Извршен е физички напад од страна на лицата С.Т. и Б.Т од Охрид, врз 37-годишниот Н.М. и 22-годишниот К.М., двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива