Шестмината заразени од ГРК Охрид го победија коронавирусот и се вратија на тренинзите

Шестмината заразени од ГРК Охрид го победија коронавирусот и се вратија на тренинзите

Охрид, 8. октомври 2020 (ИНПРЕС) – ГРК Охрид во комплетен состав ги продолжи тренинзите во пресрет на останатите мечеви од Супер лигата, откако кај петмината ракометари и член на управата беше дијагностициран вирусот COVID -19.

Според информациите од клубот додека беа во задолжителна изолација, сите шестмина биле со лесна клиничка слика и добра здравствена состојба, а дел од нив биле асимптоматски случаи.

Откако во редовите на РК „Голден арт КЛ7“ кон средината на минатиот месец беа потврдени 16 играчи позитивни на вирусот, РФМ одлучи екипите од групата А да бидат надвор од терените 15 дена.

Натпреварите во Супер лигата групата А ќе продолжат на 14-ти октомври, а следен противник на „гладијаторите“ ќе биде екипата на Радовиш. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид