ГФК „Охрид Лихнидос“ денес на гости против „Кадино“

ГФК „Охрид Лихнидос“ денес на гости против „Кадино“

Охрид, 10. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на ГФК „Охрид Лихнидос“ во седмото коло од Втората македонска фудбалска лига-запад на гостински терен силите ќе ги одмерат со тимот на „Кадино“.

Натпреварот ќе се одигра денеска од 15:00 часот, без присуство на публика, а главен арбитар на натпреварот ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево.

По шест одиграни натпревари, рибарите имаат вкупно девет бодови, а по „Кадино“, го очекуваат и гостувањето кај „Кораб“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива