МВР регистрира 615 прекршоци за неносење лична заштита на лице

МВР регистрира 615 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Скопје, 13. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие (12/13 октомври) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со COVID-19. (Крај)

извор: МВР фото: архива