Кривична за лице од Охрид кое со туѓа картичка подигнал над 30 илјади денари од сметката на 67-годишен охриѓанец

Кривична за лице од Охрид кое со туѓа картичка подигнал над 30 илјади денари од сметката на 67-годишен охриѓанец

Охрид, 13. октомври 2020 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишниот К.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

-На 27-ми март 2020 година, од 67-годишен охриѓанец тој одзел банкарска картичка која ја искористил преку пост терминали во повеќе трговски објекти. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 34.366 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива