Парични казни за 9 лица од Охрид и 14 од Струга поради неносење заштитни маски

Парични казни за 9 лица од Охрид и 14 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 13. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 42 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 9, Струга 14, Кичево 14 и Дебар 5).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива