13 годишнината од смртта на Тоше Охрид ќе ја одбележи со потсетување на неговата музика

13 годишнината од смртта на Тоше Охрид ќе ја одбележи со потсетување на неговата музика

Охрид, 14. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Годинава Охрид на симболичен начин ќе ја одбележи 13 годишнината од смртта на најдобриот македонски пејач Тоше Проески.

-Во петок, 16-ти октомври, ги повикуваме сите угостителски објекти да ги пуштаат песните на Тоше. Тоа е најмалку што можеме да направиме во спомен на македонскиот ангел. Идејата е со големо задоволство прифатена од кафетериите и хотелските објекти во центарот на градот, од бродовите и катамараните. Интернет порталот OhridNews ќе посвети посебна сторија за македонскиот музички гениј, Супер радио во петок во текот на целиот ден ќе ги емитува најголемите негови хитови и ќе објавува посебно подготвени информации за неговиот живот и дело, а на регионалната ТвМ телевизија ќе биде емитуван документарен филм посветен на прерано починатата музичка ѕвезда, информираат организаторите од Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид.

Додаваат дека во иднина планираат и поставување на пригодно мермерно спомен обележје на Тоше, веднаш до паметникот посветен на Горан Стефановски.

-Со креирање на таква Алеја на великаните, Охрид на најдобар начин ќе покаже респект кон најзначајните претставници на современата македонска култура и уметност, потенцираат од ЛК „Лихнидос“. (Крај)

извор: OhridNews фото: OhridNews