Пандемиско комично шоу на театарот „Солза и Смеа“ во охридскиот Центар за култура

Пандемиско комично шоу на театарот „Солза и Смеа“ во охридскиот Центар за култура

Охрид, 14. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Овој петок, 16-ти октомври, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи пандемиско комично шоу на театарот „Солза и Смеа” од Битола.

Шоуто е насловено „Драпај си Корона”, а ќе се одржат две претстави, од 18:00 часот и 20:00 часот во големата сала. Согласно здравствените протоколи ќе има ограничен број на публика.

Картите по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба на денот на изведбата на билетарата при охридскиот Центар за култура. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива