„Блу ориџин“ успешно ја тестираше ракетата за туристи

„Блу ориџин“ успешно ја тестираше ракетата за туристи

Тексас, 15. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Вселенската компанија „Блу ориџин“, основана од милијардерот Џеф Безос, изведе успешен пробен лет на своја ракета, која еден ден ќе превезува туристи во вселената… Иако, датумот на првиот туристички лет сè уште не е познат.

Капсулата „Њу шепард“, беше лансирана со мала ракета за повеќекратна употреба, и слета вертикално. Ракетата достигна 106 километри надморска височина пред да се врати во пустината во западен Тексас. Летот траеше 10 минути и 9 секунди. Предвидувањата говорат оти ќе може да пренесува до шест патници.

„Блу ориџин“ претходно го откри и внатрешниот дизајн на капсулата. Бројни камери ќе послужат да се сними искуството на туристите во бестежинска состојба што ќе трае неколку минути.

Конкурентската компанија „Вирџин галактик“ летово, исто така, ја покажа внатрешноста на својот вселенски брод, којшто ќе иима слична туристичка намена.

Ниту една од компаниите сè уште не објавила конкретен датум за туристички летови во Вселената. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива