Охриѓанката Јована Милевска освои сребро на стрелачки турнир во Прилеп

Охриѓанката Јована Милевска освои сребро на стрелачки турнир во Прилеп

Прилеп/Охрид, 15. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Уште еден успешен настап на охридските стрелци.

Јована Милевска се врати со сребро од традиционалниот турнир во гаѓање со воздушно оружје „Македонија Опен“ што се одржа на стрелиштето „Марко Цепенков“ во Прилеп. Милевска постигна резултат 412,1 кругови, за само 1,3 круг послеб резултат од Ана Ивановска од Битола, која го освои златниот медал.

Во машка конкуренција Бојан Спасеновски беше четврти, со резултат од 401,2 кругови.

На турнирот кој има меѓународен карактер, поради пандемијата учествуваа само најдобрите стрелци од Македонија.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива