Општина Охрид доделува ученички и студентски стипендии

Општина Охрид доделува ученички и студентски стипендии

Охрид, 22. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Општина Охрид ќе стипендира ученици и студенти од градот, за учебната 2020/2021 година.

Согласно Конкурсот за основци и средношколци за стипендии може да аплицираат талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта, за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VI,VII,VIII и IX одделение (предметна настава), за талентирани ученициод I,II,III и IV година во општинските средни училишта, стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од I,II,III и IV година и посебни стипендии за ученици кои постигнале врвни резултати во областа на: спортот,шахот,литературната,музичката,ликовната уметност и други вештини.

Според Конкурсот за студентски стипендии, може да аплицираат редовни студенти на додипломски студииод I, II,III,IV,V и VI година кои студираат на државни универзитети во други земји и редовни студенти на додипломски студии од I,II,III,IV,V и VI година кои студираат на државните универзитети во земјава и живеат во потешки социјални услови.

Стипендиите се за девет месеци. Ученичките се во висина од 1 500, а студентските стипендии изнесуваат по 3 000 денари месечно.

Конкурсот е отворен до 21-ви ноември. Потребните документи кандидатите треба да ги достават на адреса: Општина Охрид улица „Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен плик со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички или студентски стипендии“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива