ГРК Охрид го совлада Јуниор К.В, утре дома го пречекува Астраион

ГРК Охрид го совлада Јуниор К.В, утре дома го пречекува Астраион

Охрид, 29. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари лесно освоија три бода во гости, синоќа го совладаа тимот Јуниор Кисела вода со 31-22.

Манасков и Тасески со по шест погодоци беа најефикасни во нашите редови. Во четири одиграни средби, „гладијаторите“ имаат исто толку победи и се лидери во групата А со 12 бодови.

Во следното коло, утревечер од 18:30 часот дома го пречекуваат струмички Астраион, по што ќе имаат 10 дневна пауза, поради собир на репрезентацијата. За текот и начинот на одигрување на следните натпревари, во зависност од ситуацијата со коронавирусот, ќе се чекаат насоките од РФМ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива