„Гладијаторите“ дома го пречекуваат струмички Астраион

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат струмички Астраион

Охрид, 30. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари по победата над Јуниор Кисела вода, вечерва ја продолжуваат трката по нови три бода.

Од 18:30 часот на домашен терен го пречекуваат струмички Астраион, по што ќе имаат 10 дневна пауза, поради собир на репрезентацијата. „Гладијаторите“ се лидери во групата А со 12 бодови.

За текот и начинот на одигрување на следните натпревари, во зависност од ситуацијата со коронавирусот, ќе се чекаат насоките од РФМ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива