Жител на селото Куратица се однесувал агресивно кон полициски службеници

Жител на селото Куратица се однесувал агресивно кон полициски службеници

Охрид, 30. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот З.Р. од охридското село Куратица.

-Тој, на 6-ти октомври 2020 година, во атарот на селото, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои преземале службени мерки спрема него, како сторител на кривично дело „одземање на моторно возило“, за што од Основниот суд во Охрид му била изречена затворска казна, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива