Хотелите „Нова Ривиера“ и „Аквалина“ со донација за Здружението „Тајните на моето срце“

Хотелите „Нова Ривиера“ и „Аквалина“ со донација за Здружението „Тајните на моето срце“

Охрид, 30. октомври 2020 (ИНПРЕС) – Охридските хотели „Нова Ривиера“ и „Аквалина“ денеска реализираа донација за Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“.

На дечињата со аутизам им беа доделени тренерки.

– Како општествено одговорна фирма помагаме во повеќе наврати. Овојпат се одлучивме да донираме за дечињата со аутизам од Здружението „Тајните на моето срце“. Донацијата се состои во облека, поточно 21 пар тренерки, истакна Ангел Ангелески, менаџер на хотел „Нова Ривиера“.

Од менаџерскиот тим на хотелите „Нова Ривиера“ и „Аквалина“ велат дека тука нема да застанат, па и покрај актуелната состојба во која живееме, во зависност од можностите, ќе помагаат онаму каде е најпотребно. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес