„Распеано рибарче 2020“ во ново руво

„Распеано рибарче 2020“ во ново руво

Охрид, 3. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Фестивалот за детска музика „Распеано рибарче 2020“ ќе се одржи на 14-ти ноември 2020 година, во поинаква варијанта од вообичаената.

Поради превенција од ширење на COVID-19, оваа година ќе изостане делот од претставите на кои сме навикнати со полни сали.

-Можеби ќе недостасува детскиот џагор како секаде па дури и во училиштата, но затоа акцентот ќе биде префрлен на медиумските и социјалните мрежи. Песните главно беа снимени уште на почетокот на годината а сега се доработуваат и се во завршна фаза. Ќе има песни со различни стилови: рок, поп, рап, хип-хоп, а ќе се пее за другарството, фламенкото, за учителката итн. Поради запазување на протоколот учесниците ќе бидат снимени во различно време еден по еден, порачуваат организаторите.

Фестивалот ќе биде сниман на многу раскошна сцена на Телевизија IN па младите надежни поп- ѕвезди ќе имаат можност да почувствуваат професионална атмосфера. Ќе биде емитуван на Тв IN (која зрачи и во Австралија и на дваесеттина придружни локални телевизии низ Македонија) и на лајф-стрим линкови кои дополнително ќе бидат објавени непосредно пред премиерата на 14-ти ноември во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива