Auto Draft

Сé уште не е распишан конкурсот за Св. Климентовата награда

Охрид, 5. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Сé уште не е распишан конкурсот за доделување на највисокото општинско признание наградата и повелбите Св.Климент Охридски – Патрон на градот.

Годиниве наназад конкурсот обично се објавуваше на почетокот на ноември. Од општина Охрид за Супер радио и InPress најавија дека конкурсот најверојатно ќе биде објавен, без да дадат дополнителни детали.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.

Највисокото општинско признание наградата „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, лани постхумно му беше доделена на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски, а добитници на повелбата беа Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин“ и Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес