Охриѓанецот Александар Јосифовски вечерва ќе го промовира спотот за ковер-дуетот со Ивана Карајан

Охриѓанецот Александар Јосифовски вечерва ќе го промовира спотот за ковер-дуетот со Ивана Карајан

Охрид, 12. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Александар Јосифовски од Охрид е момчето кое постигна забележителен успех во рамките на годинешното издание не мега популарното музучко шоу во Србија „Ѕвезде Гранда“.

Сигурен во себе, момче што доминира на сцената, со одличен глас и идеја што да прави со истиот. Пред Александар секако е голема иднина, а за вечерва тој ја најавува промоцијата на спотот за ковер-дуетот со Ивана Карајан од Скопје.

-Споделете приказна која вреди да се види. Со задоволство Ви ја најавуваме нашата Facebook live промоција, на нашиот нов ковер-дует и видео запис, овој четврток во 19:00 часот. Ќе имаме и мала дружба со музика, интересни моменти секако…, бидете online… ❤ – порачува Александар.

Промоцијата ќе биде во живо на неговиот Facebook профил, а ќе се пренесе и на Facebook профилот на OhridPress. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива