Водата во Свињиштa, Опеница, Косел, Куратица и Речица забранета за пиење

Водата во Свињиштa, Опеница, Косел, Куратица и Речица забранета за пиење

Охрид, 13. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Водата од водоснабдителниот објект во сопственост на месните заедници во селата Свиништа, Опеница, Косел и Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на месна заедница во село Речица се забранува за пиење.

Од општина Охрид информираат дека ова доаѓа по добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Македонија.

– Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, велат од општина Охрид.

Додаваат дека водоснабдителните објекти во горепоменатите села не се во надлежност на ЈП „Водовод“ Охрид и ова јавно претпријатие нема обврска за нивно тековно одржување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива